Украина испрати список со барања до ЕУ – бара kaзни и за Белорусија

t

Украина ги повика членките на Европската унија итно да обезбедат системи за противвоздушна и противракетна одбрана, како и употреба на сите средства за попречување на руски сателитски сигнали.

Во списокот со барања испратени до европските лидери пред вонредниот самит во Брисел во четвртокот навечер, Киев повика и на најстроги рестриктивни мерки против Белорусија, која директно ја поддржува руската инвазија во целосен обем.


Документот, составен од украински дипломати во Брисел и проверен од Гардијан, исто така повика на:

– одземање на софтверски лиценци за воена и цивилна опрема во Русија и Белорусија;
– блокирање или мешање на руски сателитски навигациски системи во воздухот, над Црното и Азовското Море;
– употреба на сите средства за блокирање на рускиот сателитски навигациски систем „Глонас“, вклучително и мешање во неговиот сигнал над Црното и Азовското Море, Белорусија и украинскиот воздушен простор.

Покрај повикот за прекин на нормалниот бизнис со Русија, Киев исто така сака ЕУ да го отвори својот систем за итни случаи (механизам за цивилна заштита) за Украинците.

Во текот на ноќта ескалираше кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална воена акција, а потоа низ Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набрзо објави дека започнала инвазија на нејзината територија.

Извештаите исто така велат дека Русите се на само 15 километри од Киев, додека НАТО распоредува дополнителни сили на исток и има 100 авиони на подготвеност.

Кремљ во четвртокот објави дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиени 210 нацисти, деминиран Мариупол: Брифинг на…

90-ти ден од руската специјална операција во…

Британското разузнавање открива: Кој град е следен…

Врз основа на анализата на дејствувањето на…

Русија предупредува: Киев подготвува провокација со жито,…

Русија: Киев подготвува провокации во силоси со…

Русија го напушта Болоњскиот процес: Ќе се…

Русија го напушта Болоњскиот процес, воведува унифициран…

Шамар од Холандија за Украина: Далеку сте…

Малку е веројатно дека Украина ќе добие…