Објавено на:

Украина: На светот му се заканува нова нуклеарна катастрофа

t

Две крстаречки ракети лансирани од руските трупи летаа на мали височини над нуклеарната централа Запорожје во утринските часови, објави Енергоатом, украинската државна агенција за нуклеарни електрани.

„Денес, во 6:41 и 6:46, две непријателски крстаречки ракети прелетаа на мали височини над нуклеарната централа Запорожје во насока на градот Запорожје“, се вели во соопштението. „Подоцна во Запорожје се потврдени експлозии предизвикани од руските крстаречки ракети“, се додава.

„Рускиот нуклеарен тероризам е во пораст, а заканата станува сè полоша. Русија го изложи целиот свет на опасности од нова нуклеарна катастрофа, 36 години по трагедијата во Чернобил“, предупредија тие.

Запорожје е најголемата европска нуклеарна електрана, која руската војска ја окупираше ноќта на 4 март и сè уште е под нејзина контрола. Русите имаат тешка опрема и муниција во просториите на нуклеарната централа, откако фабриката буквално ја претворија во воена база, тврди Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски опериран четири часа, состојбата е…

Заврши операцијата на Бојан Јовановски која траеше…

Јандриоски: Вмровците што плукаат по Максо да…

Ќе ги замолам вмровците кои плукаат по…

Црквата е една и македонска: Епархија на…

#Браво за #ДедоПЕТАР Австралиско Ново Зеландска ЕПАРХИЈА…

Лавров доаѓа во Турција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Има што да научи: Ковачевски утре во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе се…