Украина: Немаме докази дека Русите го напуштаат Херсон

Советникот на министерот за одбрана на Украина, Јуриј Сак изјави дека неговата земја сè уште „не гледа докази за големи движења на војниците од Херсон“.
Сак во изјава за Скај њуз рече дека затоа украинските власти остануваат скептични во врска со најавите на Москва.
Пред Русија вчера да соопшти дека се повлекува од Херсон, во градот имаше десетици илјади руски војници. Сак вели дека тоа се „значајни бројки“ и затоа ќе мора „да се почека и да се види“ дали Русите ќе почнат да го напуштаат градот.
Иако Украина денеска ослободи неколку населби во близина на градот, Сак рече дека нивните војници сè уште немаат пристап до самиот град, кој со месеци е под руска окупација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров за изолирањето на Русија во Скопје:…
Пред средбата имаше информации дека Русија е…
Неколку стотини полицајци ја бараат исчезнатата Вања:…
Пронаоѓање на исчезнатото 14-годишно девојче досега се…
Фалсификуваните евра внесени во Косово се прават…
Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето…
Автобус од Скопје за Кочани остана без…
Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација…
Лавров на прес-конференцијата неколку пати кажа Македонија…
Лавров на прес конференцијата неколку пати ја…