Објавено на:

Украина нуди шведски модел на неутралност

t

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински рече дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина, пишува Б92.

– Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководството на руското и на украинското министерство за одбрана – изјави Медински за новинарите.

Темата за денацификација на Украина останува на преговарачка маса, појасни Медински.

– Темата за денацификација и построго казнување за величање на нацизмот, неонацизмот, екстремизмот сè уште е важна точка на преговарачката агенда – рече тој, како еден од условите на Москва.

Шефот на руската делегација потсети дека „Украина се уште има неутрален статус“, пишува Телеграф.

– Украина се повлече од Советскиот Сојуз во 1991 година под услов на неутралност, а таа неутралност е запишана во Декларацијата за суверенитет на Украина – нагласи тој.

Медински потсети кои се најважните прашања за Москва.

– Секако, клучното прашање за нас е статусот на Крим и Донбас, како и хуманитарните прашања, вклучително и денацификацијата, правата на населението што зборува руски и статусот на рускиот јазик и така натаму – рече тој.

Истовремено, Медински ги демантираше изјавите од Киев за исклучување на точката за денацификација на Украина од преговарачката агенда.

Друг член на руската делегација изјави и дека преговорите со Киев се тешки и бавни, но дека ставот на Москва не е променет. Тој нагласи дека „буквално секоја бројка, секоја буква во договорите се разговара со украинската страна со посебно внимание“.

– Сакаме ова да биде договор со генерации, за нашите деца да живеат во свет чии темели се поставени со овој договорен процес – објасни Медински.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ќе тренира 15.000 украински војници и…

Земјите-членки на Европската унија се договориле што…

Најнова вест: И БРЗАТА ПОМОШ НЕ МОЖЕЛА…

Вечерва починала жена во строгиот центар на…

Во период на криза нема време за…

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата…

Вучиќ до амбасадорот на Украина: Погрешен момент…

Коментирајќи ја изјавата на украинскиот амбасадор во…

Гвардиола ја откри главната разлика помеѓу Халанд…

Ерлинг Браут Халанд не запира со голови…