Објавено на:

Украина обвинува: Руски војници силувале 11 годишно момче пред очите на мајка му

t

Заменичката на украинскиот министер за надворешни работи, Емине Џепар, денеска изјави дека Русија ги врши најлошите кршења на човековите права на европскиот континент во последните децении.

Обраќајќи се пред Обединетите нации од Киев, таа рече: „Ова беа 10 недели чист ужас за луѓето во мојата земја. Мачења и исчезнувања, сексуално и родово насилство, списокот на руски злосторства е бесконечен“.

„Само свет кој е солидарен со украинскиот народ може да помогне да се победи ова зло“, истакна таа.

Потоа Џепар прикажа детски цртеж со црни линии. Рече дека цртежот го направило 11-годишно момче кое било силувано од руски војници пред очите на неговата мајка. Таа рече дека момчето било толку трауматизирано, што по силувањето комуницира исклучиво преку цртежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмладиот има 24, најстариот 32 години: МВР…

На 26.01.2023 Националната единица за сузбивање на…

Болна работа: Пет лица сексуално злоупотребувале 14-годишно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…

БОЛНА РАБОТА: 15-годишници во Грција силуале врсник!

Полицијата на грчката престолнина Атина уапсила шестмина…

Украинците признаа: Загинаа над 93.000 наши војници

Украинските власти објавија дека од почетокот на…

Болна работа: Малолетник од Скопје силувал малолетничка

Денеска (28.11.2022) во 02.20 часот, полициски службеници…