Украина од Литванија ќе добие против-воздушни ракети

Украина за неколку дена ќе добие противвоздушни ракети Стингер од Литванија, најави литванската премиерка Ингрида Шимоните за време на посетата на Киев.
– Го зголемуваме бројот на воени инструктори во оваа земја и и обезбедуваме на Украина дополнително оружје и опрема. Противвоздушните ракети Стингер ќе пристигнат во Украина во наредните денови. Се надевам и искрено сакам Украина никогаш да не ги користи, истакна Шимоните.
Украина доби голема воена помош од земјите-членки на НАТО во изминатите неколку недели, а пристигна и одреден континент на војници, откако Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДНР: Украински војници го положија оружјето и…
Петнаесет украински војници доброволно го положија оружјето…
Захарова: Нека влезат Финска и Шведска во…
Соединетите Американски Држави, принудувајќи ги Финска и…
Прекинати преговорите меѓу Русија и Украина
Мировните преговори меѓу Москва и Киев во…
Меѓународниот кривичен суд испраќа експерти во Украина:…
Меѓународниот кривичен суд (МКС) испрати тим од…
Русија ќе ги напушти и Светската трговска…
Руското Министерство за надворешни работи му предложи…