Украина очекува Кина со своето влијание врз Русија да стави крај на војната

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.
„Украина внимателно ја следи посетата на кинескиот претседател на Русија“, рече Николенко во изјава за Ројтерс, непосредно откако кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Москва на разговори со неговиот руски колега Владимир Путин.
Николенко истакна дека Украина очекува „дека Пекинг ќе го искористи своето влијание врз Москва за да стави крај на агресивната војна против Украина“.
Се очекува Си да ја истакне улогата на Пекинг како потенцијален миротворец во конфликтот по објавувањето на планот од 12 точки, соопшти агенцијата.
Киев наведува дека сите мировни потези мора да вклучуваат целосно повлекување на руските трупи и почитување на територијалниот интегритет на Украина, пренесува Танјуг.
Подготвени сме да се вклучиме во поблизок дијалог со Кина за да го вратиме мирот во Украина во согласност со принципите содржани во Повелбата на ОН и последната резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за ова прашање“, рече Николенко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Европската унија со остра осуда на заканите…
Европската унија (ЕУ) денеска ги осуди заканите…
Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…
Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…
Цената на обновата на Украина од руската…