Објавено на:

Украина се засилува со 30 југословенски М-84 тенкови од Хрватска

t

Министерот за одбрана на Хрватска, Иван Анушиќ, и германскиот министер за одбрана Борис Писториус треба денес во Берлин да потпишат писмо за намера за купувањето на нови тенкови за потребите на оружените сили на Хрватска.

Сојузна Република Германија ја повикала Хрватска да се придружи на германската програма за заедничка набавка на главни борбени тенкови леопард 2А8, што ќе биде истакнато во писмото.

Според достапните информации, подготвен е целосниот план за набавката. Во согласност со него, Хрватска во првата испорака ќе ѝ испрати на Украина 30 тенкови М-84 и 30 борбени пешадиски возила М-80. Германија потоа ќе ја искомпензира Хрватска за тие возила, со што ќе се намали вкупната цена на новите тенкови леопард 2.

Хрватската војска во моментов во својот состав има околу 70 тенкови М-84, а според изјавите на изворите, тие се во добра состојба и редовно се одржуваат. Точната вредност на набавката, како и временската рамка, не се познати, пишува Јутарњи лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина се засилува со 30 југословенски М-84…

Министерот за одбрана на Хрватска, Иван Анушиќ,…

Лавров: Резултатите од самитот на БРИКС ја…

Резултатите од самитот на БРИКС во Казан…

(Видео) Гори бродоградилиште во Британија за нуклеарни…

Голем пожар избувна во бродоградилиштето каде што…

Азизи: Ахмети не знае да пишува писма

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети не знае…

Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот…