Украина “се спука” со Сирија заради признавањето на Доњецк и Луганск: Се прекинуваат дипломатските односи

Министерството за надворешни работи на Украина објави прекин на дипломатските односи со Сирија по одлуката на Дамаск да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск.
„Украина прогласува прекин на дипломатските односи со Сирија без прекин на конзуларните односи, во согласност со член 2 од Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, украинската страна ја започна процедурата за воведување трговско ембарго и други санкции против правни и физички лица во Сирија.
Вчера Дамаск ја објави одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск.
Како што нагласи претседателот на ЛНР, Леонид Пашечник, тоа ќе придонесе за заеднички развој на нови продажни пазари и ќе го забрза воспоставувањето на односи во многу области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури тогаш ќе биде лошо: Советник на…
Кримскиот мост, најголемата градба од ваков вид…
Ќе биде интересно: Лидерот на Доњецк му…
Лидерот на прорускиот сепаратистички регион Доњецк во…
Украински генерал призна: Русите напредуваат во Донбас,…
Генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените…
Макрон повика Русите да ја напуштат нуклеарната…
Шефот на француската држава Емануел Макрон денеска имаше телефонски…
Кулеба: Некои западни земји чекаат Украина да…
Некои западни земји чекаат Украина да се…