Објавено на:

Украина “се спука” со Сирија заради признавањето на Доњецк и Луганск: Се прекинуваат дипломатските односи

t

Министерството за надворешни работи на Украина објави прекин на дипломатските односи со Сирија по одлуката на Дамаск да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск.

„Украина прогласува прекин на дипломатските односи со Сирија без прекин на конзуларните односи, во согласност со член 2 од Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, украинската страна ја започна процедурата за воведување трговско ембарго и други санкции против правни и физички лица во Сирија.

Вчера Дамаск ја објави одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск.

Како што нагласи претседателот на ЛНР, Леонид Пашечник, тоа ќе придонесе за заеднички развој на нови продажни пазари и ќе го забрза воспоставувањето на односи во многу области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски јавно ѝ се заблагодари на Македонија…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски преку објава на…

Со дронови гранатиран родниот град на Володимир…

Нападот на јужниот украински град во кој…

Думата утре ќе пресече: Новите ентитети ќе…

Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и…

Думата разгледува конечно влегување на украинските региони…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вети дека…

И САД ја пуштија низ вода: Сега…

Процедурата за прием на Украина во НАТО…