Украина соопшти страшни бројки: Најмалку 148 деца загинале од почетокот на инвазијата

Украинските власти соопштија дека најмалку 148 деца се убиени во руските напади од почетокот на инвазијата.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите од 24 февруари истрелале 1.370 проектили и уништиле 15 украински аеродроми.
Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната, а околу четири милиони заминаа во соседните земји како бегалци, соопшти Министерството.
Според последната проценка на ОН, во војната досега се убиени повеќе од 1.100 цивили, меѓу кои и деца. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ништо од поддршката: Германија нема да ѝ…
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата…
Зеленски призна: Ситуацијата е многу тешка
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави синоќа…
“Тешко на Русите”: Украинците тврдат дека уништиле…
Украинската војска денеска преку објава на Фејсбук…
Германската армија е во најлоша состојба досега…
Германската армија е во најлоша состојба досега…
Украина се закани: Нема да учествува на…
Украина се закани со бојкот на Летните…