Објавено на:

Украина уценува: Европа ќе добие руски гас кога ние ќе имаме контрола над гасоводите

t

Украина нема да ја отвори транзитната точка Сохранивка, преку која рускиот гас се транспортира во Европа, додека не добие целосна контрола врз системот на гасоводот, соопшти денеска украинскиот оператор ГТСОУ.

Операторот во вторникот објави дека поради „виша сила“, односно поради тоа што проруските сепаратисти крадат гас од 11 мај, ќе го прекине преносот на гас преку влезната точка Сохранивка, преку која околу една третина од рускиот гас се испраќа во Европа преку Украина.

Гасоводот минува низ регионот Луганск, што е делумно контролиран од проруските сепаратисти од 2014 година.

-Нема да отвориме. До целосна контрола над имотот, рече директорот на ГТСОУ Сергијџо Макогон во изјавата. Тој додаде дека руски Гаспром не знаел дека сепаратистите почнале да крадат гас.

Макогон истакна дека Гаспром би можел да продолжи да испорачува целосно гас во Европа преку транзитната точка Суџа, што е отворена.Гаспром не беше достапен за коментар.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската државна нуклеарна агенција тврди дека Русија…

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека…

Украина го признава Косово? Пратеник поднесе иницијатива…

Украина го призна Косово - пратеник поднесе…

Конашенков: За еден ден елиминирани преку 500…

Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана,…

(Видео) Македонските тенкови испратени во Украина стасале…

Голема колона тенкови е забележана утрово во…

(Видео) Тоа е просто пекол, не се…

Тоа е само пекол! – Зеленски ја…