Украина ќе преживее, но Западот треба да се срами

Големата војна е тука – Русија ја нападна Украина. Оваа катастрофа можеше да биде спречена, доколку Западот уште од 2014-тата не го тргаше погледот настрана, смета Роман Гончаренко.
Четврток, 24 февруари 2022 година – овој ден никогаш нема да го заборавиме. Денот кога безумното руско раководство одлучи да започне голема војна против Украина. Денот за кој Украинците и нивните пријатели ширум светот долго се подготвуваа, но сепак се надеваа дека никогаш нема да дојде. Денот кога Кремљ едноставно започна војна во Европа.
Многумина се прашуваат: Како воопшто можеше да се случи ова? Одговорот го дава наводниот цитат на Винстон Черчил: „Имавте избор меѓу војна и срам. Го избравте срамот, а добивате војна“. Обемот на инвазијата не остава сомнеж: руските трупи ја нападнаа Украина, исто како и пред сто години, кога Украина првпат прогласи независност. Последиците од овој монструозен чекор ќе го потресат светот.
Кобната грешка на Западот
Западот сноси дел од одговорноста за овој развој на настаните, кој воопшто не е занемарлив. И тоа во 2014 година, кога Русија првпат ја нападна Украина по нејзиното прогласувањето независност во 1991 година и го анектираше Крим. Западот го избра срамот за кој зборуваше Черчил. Лидерите на САД, Германија и на другите водечки западни земји ја држеа украинската влада во двете раце и бараа од неа воопшто да не се спротивставува. Рускиот претседател Владимир Путин во никој случај не треба да биде „провоциран“. Мотив: Точно 100 години по Првата светска војна, Западот се плашеше од нов светски пожар. Иако тоа беше разбирливо, сепак тоа беше кобна грешка.
Русија, опиена од успехот на Крим, ја продолжи војната во Донбас, во источна Украина. Западот, пак, ниту беше подготвен да ја вооружи Украина (Германија целосно го отфрли овој чекор) ниту да воведе остри одмазднички мерки против Москва. Дури по соборувањето на малезискиот патнички авион МХ17 над Украина, имаше селективни санкции насочени против руската економија. Но, дури и тие беа толку ограничени и слаби, што Русија дојде до заклучок дека веројатно може да продолжи – без сериозно спротивставување.
Извор: Дојче Веле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…