Украинка и Русин ИЗБЕГАЛЕ ОД ВОЈНАТА И СЕ ВЕНЧАЛЕ во Мексико (ВИДЕО)

Русин и Украинка, бегалци од Украина, се венчале на мексиканско-американската граница.
Украинката Дарија Сахнјук и Русинот Семен Бобровски, баратели на азил во САД, се венчале на мала церемонија во матичната служба на мексиканскиот пограничен град Тихуана.
„Многу сум среќна што запознав многу добри луѓе, кои ни помогнаа да организираме венчавка овде во Мексико, во Тихуана“, рече Сахнјук, пренесува BBC.
И двајцата живееле во Украина пред конфликтот и планирале да се венчаат во Киев, изјавиле за ТВ Телемундо, пренесува британската мрежа.
По церемонијата, парот го прославил 27-от роденден на Дарија на традиционален мексикански начин.
Според градскиот совет на Тихуана, двајцата дошле во Мексико пред две недели.
Семен не можеше да побара азил во САД, поради имиграциското правило, според кое им е дозволено само на граѓаните на Украина кои бегаат од конфликтот.
Сега кога се ожени со Украинка, парот се надева дека ќе им биде дозволено да влезат во САД и да се сместат во Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вака прави НАРОД: Над 600.000 демонстранти на…
Над 600.000 демонстранти маршираат против најавената судска…
Познатиот фудбалер во затвор дели автограми во…
Дани Алвеш моментално е во затвор поради…
Привремено затворен преминот Неготино поради работа на…
Патниот премин Неготино времено ќе биде затворен…
(Видео) РЕКА ОД НАРОД: Израелската армија го…
Израелските одбранбени сили го подигнаа нивото на…
РКЕ утре ќе носи одлука за нови…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…