Украинка и Русин како бегалци се венчаа во Мексико

Двајца баратели на азил во САД, инаку Украинка и Русин, се венчаа на скромна свеченост во мексиканскиот пограничен град Тихуана.
Се работи за Дарија Сахњук и Семјон Бобровски, кои живееле во Украина пред војната и, како што изјавија за „Телемундо“, планирале да се венчаат во Киев. Тие двајцата пристигнале во Мексико две недели претходно. Бобровски првично е одбиен за азил во САД според новите имиграциски мерки кои се достапни само за украински граѓани.
По венчавката, двојката го прослави и 27-от роденден на Сахњук со традиционална мексиканска забава и маријачи-бенд.
– Многу сум среќна што тука запознав многу убави луѓе кои ни помогнаа да се организираме и да се венчаме овде во Мексико, во Тихуана, изјави таа за телевизиската мрежа.
Сега кога Бобровски е во брак со својата Украинка, двајцата се надеваат дека ќе биде примени заедно во САД и ќе почнат нов живот во Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот премиер бара Норвешка да го дели…
Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински…
(ФОТО) Морничаво: Ова е момчето кое направи…
18-годишен маж отвори оган во основно училиште…
Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските…
Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа…
Македонците од Албанија го одбележаа 24 Мај…
Етничките Македонци од Пустец и Албанија денеска…
Руска веб-страница: Елитата е разочарана од Путин…
Медуза, независната руска веб-страница за вести, објави…