Објавено на:

Украинскиот преговарач удри по НАТО: Стоите на страна додека ни се случува хуманитарна катастрофа – милиони бегалци ја напуштија државата

t

Украинскиот преговарач Михаило Подољак за Би-Би-Си изјави дека по 26 дена војна има одредени промени во мировните преговори.

– Отпорот на Украина ја принуди Русија посоодветно да ја процени реалната ситуација, што помогна да се поттикне некој вид дијалог, посочи Подољак.

Тој наведе дека секоја одлука за мировен договор ќе биде донесена помеѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Според Подољак сè уште не е договорен датумот за средба на Зеленски со Путин.

Тој не откри детали од преговорите, но изрази незадоволството од одбивањето на НАТО да воведе зона на забранети летови во Украина

– Тие не го затвораат нашето небото, туку стојат настрана во време кога 10 милиони луѓе бараат место за живеење, а три милиони веќе ја напуштиле земјата. Ова е хуманитарна катастрофа во Европа, наведе Подољак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот Рибар: Украинците користат американска технологија, секоја…

Руски "Рибар" на Твитер детално ја објаснува…

Почнува ли “светската” војна? Лукашенко ја обвинува…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини…

Официјално: Думата гласаше ЗА влегување на Доњецк,…

Руската Државна Дума предмалку изгласа ратификација на…

Се сретнаа првите дами на Турција и…

Турската прва дама Емине Ердоган во Истанбул…

Зеленски јавно ѝ се заблагодари на Македонија…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски преку објава на…