Објавено на:

Украинските борци во „Азовстал“ понудиле размена на цивилите за продукти

t

Украинските борци, кои се опколени од руските сили во утврдениот комплекс на металуршкиот комбинат „Азовстал“ крај јужниот пристанишен град Мариупол, понудиле размена на цивилите засолнати во подземните коридори за храна и лекови, пренесува во четвртокот агенцијата РИА повикувајќи се на извор од штабот на операцијата за заземање на комплексот.

„Мораме да одржуваме контакти со нацистите од (баталјонот) Азов и припадници на (украинското разузнавање) СБУ во интерес да ги спасиме цивилите кои останале таму. Во текот на преговорите тие ни понудија размена на цивилните заложници за храна и лекови. Предложените од нiв услови за договорот се петнаесет заложници за тон храна, како и лекови. Предупредија дека никој друг нема да смее да замине за Украина, само доколку бидат разменети“, рекол соговорникот на агенцијата.

Според процените на руските сили, во моментов во подземните коридори на „Азовстал“ во моментов се наоѓаат повеќе од 200 цивили, меѓу кои жени, деца и постари луѓе.

Претставникот на штабот истакнал дека руската војска веќе се среќавала со истите методи во Сирија кога преговарала со терористите од ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Џихадистите, исто така, нуделе ослободување на цивили за храна и лекови според тежината.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата ноќта го повика генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, да помогне да се евакуираат цивилите и војниците од металуршкиот комплекс „Азовстал“ крај Мариупол, а руската војска којашто го контролира градот најави тридневен прекин на огнот во челичарницата поради евакуација на цивилите, кој започнува од четвртокот а ќе трае до сабота навечер.

Малку претходно во средата вечерта шефот на пратеничката група на украинската владејачка партија Давид Арахамија за Радио слободна Европа (Radio Liberty) изјави дека руските сили влегле на територијата на големиот и утврден металурпшки комбинат „Азовстал“ крај стратешки важниот јужен пристанишен град Мариупол.

Претходно во средата украинскиот градоначалник на Мариупол, Вадим Бојченко, за националната телевизија изјави дека е загубен контактот со украинските борци во „Азовстал“ и дека има повеќе од 30 деца меѓу оние коишто ја очекуваат евакуацијата. Додаде дека се водат тешки борби во областа на комплексот. Според Бојченко, во челичарницата останале повеќе од 200 цивили, а во самиот град има уште 100.000 цивили.

Во средата министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека руските единици го контролираат стратешки важниот пристанишен и индустриски град Мариупол на југот на Украина на Азовското Море, со што се отсекува контролата на Киев од Црното Море и руските сили го поврзуваат градот со териториите на југот и истокот, кои беа под контрола на проруските сили уште од пролетта 2014 година и превратот на власта во Киев.

Шојгу се осврна на обидите да се убедат да ги ослободат цивилите и да го положат оружјето украинските паравоени формации составени од припадници на екстремнодесничарските движења блокирани во големиот утврден металуршки комбинат „Азовстал“ крај Мариупол. Рече дека во согласност со упатствата на претседателот Владимир Путин, остатоците од украинските борци кои се наоѓаат во индустрискиот комплекс се сигурно блокирани од сите страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При претрес во Валандово пронајдени марихуана, семки…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Ѓоковиќ ја откри целта на неговата организација

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов…

Охридските нуркачи од Центарот „Амфора“ го развиорија…

Професионална екипа од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

Приведени двајца насилници што нападнаа продавач кај…

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал…

КАКВИ СОВЕТИ ОЧЕКУВА ОД ФУДБАЛЕРОТ? Зеленски го…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи…