Објавено на:

Украинските власти тврдат дека Сергеј Шојгу имал срцев удар

t

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Антон Герашченко, тврди дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, имал срцев удар.

Шојгу имаше срцев удар и затоа не е во јавноста од средината на март. Доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија на Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница – напиша Герашченко на Фејсбук.

Вчера руската телевизија го прикажа Шојгу како седи и разговара со Путин. Тој не беше виден во јавноста од 11 март, а се шпекулираше дека е болен, па дури и уапсен.

Инаку, Путин го потпиша законот за кривична одговорност за лажни информации за руски државни органи кои работат во странство. Законот се однесува на амбасадите, државните обвинителства, Националната гарда, руското Министерство за вонредни ситуации и други.

Казната предвидена со овој закон е иста како и за дискредитирање и ширење лажни вести за руските вооружени сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…