Објавено на:

Украинските сили ги потиснале Русите кај Харков?

t

Украина објави дека нејзините сили ја вратиле контролата врз селата северно и североисточно од Харков и започнале контраофанзива што може да донесе пресврт и да ја загрози предноста на Русија.

Татјана Апаченко, одговорна за односи со медиумите во 92-та механизирана бригада, која е главната украинска воена формација во областа, потврди дека украинските војници успеале да ја вратат контролата врз Черкаски Тишки, Руски Тишки, Боршчов и Слобожанске северно од Харков.

Советникот на Министерството за одбрана, Јуриј Сакс, рече дека успесите ги турнале руските сили надвор од дометот на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, кој е под постојано бомбардирање од почетокот на руската агресија на 24 февруари.

„Воените операции на украинските вооружени сили околу Харков, особено северно и североисточно од Харков, се успешна приказна.Украинската армија успеа да ги турне овие воени злосторници надвор од линијата до која стигна нивната артилерија“, рече тој.

Контранападот кај Харков може да биде сигнал за нова фаза од војната во која Украинците тргнуваат во офанзива по неколку недели во кои руските војници нападнаа со артилерија, но не постигнаа голем напредок.

Со потиснување на руските сили, Украинците би можеле да ги нападнат линиите за снабдување на главните руски сили.

„Тие се обидуваат да ги прекинат линиите за снабдување на руските сили бидејќи тоа е навистина една од главните слабости на Русија“, рече Нил Мелвин од Истражувачкиот центар RUSI во Лондон.

Украинците се приближуваат до руската граница. Така Русите сега се повеќе ја губат територијата што ја освоија во првите денови во североисточна Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домашниот есап на пазар не излегува ама…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката…

Британија не ја исклучува можноста да испрати…

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска…

И Вучиќ ќе легне на брашното: Можеби…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во…

Претрес во домот на украинскиот МВР кој…

Поранешниот министер за внатрешни работи на Украина,…

Руската армија ќе обезбедува африкански регион богат…

Три земји се согласија, со помош на…