Објавено на:

Украински дрон експлодираше на 250 километри од Москва: Има повредени лица

t

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа.

„Две лица се здобија со рани по експлозија во неделата во градот Киреевск, на околу 220 километри јужно од Москва“, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итната служба.

Причината за експлозијата не е веднаш позната, но оставила голем кратер во центарот на градот, во областа Тула, пренесува „Ројтерс“.

Пронајдените остатоци од дронот укажуваат дека се работи за моделот „Ту-141“, кој го користи украинската армија.

„Експлозијата одекна во 15:19 часот (по локално време). Две млади лица родени во 2002 и 2006 година, имаат рани од шрапнели. Итната помош е на местото на настанот“, изјави претставник на локалната служба за итни случаи, пренесува ТАСС.

Претставникот рече дека повредите не се опасни по живот и дека инспекторите се на лице место.

„Соборен дрон без идентификација и официјални ознаки е пронајден на поле далеку од станбени згради“, се вели во соопштението на регионалните безбедносни сили.

Во соопштението се тврди дека итната помош работи на местото на настанот, а луѓето и инфраструктурата не се загрозени.

Растојанието од местото до Москва е околу 250 км, а од границата со Украина 400 км.

Се наведува дека дронот е со големина од 290 на 120 сантиметри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински дрон експлодираше на 250 километри од…

Во областа Тула во Русија, недалеку од…

Борел се закани со нови санкции: Ако…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

Како Европа ги згрижи украинските бегалци? Сè…

Украинските бегалци сѐ повеќе се мета на…

Жешка пролет: Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје…

Москва и Минск се договорија за распоредување…

САД ги преминаа сите граници на пристојност

Соединетите Американски Држави, во обид да воспостават…