Објавено на:

Украински министер: Русија веќе го чувствува поразот во Украина

t

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба ја коментираше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Кулеба оцени дека изјавата на Сергеј Лавров за реалната опасност од избувнувањето на Третата светска војна укажува дека, како што наведе, „Москва чувствува пораз во Украина“.

Кулеба на Твитер напиша дека Русија ја губи последната надеж да го исплаши светот за да не ја поддржи Украина.

„Тоа само значи дека Москва се чувствува поразено во Украина. Затоа светот треба да ја удвои поддршката за Украина, за да победи и да ја заштити европската и глобалната безбедност“, рече Кулеба.

Министерот за надворешни работи на Русија вчера оцени дека постои „реална опасност од избувнување на Третата светска војна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…

Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…

БОЛНА РАБОТА: Мајка ја принудувала малолетната ќерка…

Мајката која ја принудувала малолетната 14-годишна ќерка…

И Пендаровски се сретна со германската МНР:…

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Бербок,…

Бугарски академик: Треба да ја промениме политиката…

Проф.д-р Спас Ташев од Бугарската академија на…

Балканска работа: Македонка и Србинка се испотепале…

На 22.03.2023 во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30)…