Украински пратеник: Светот треба да сфати дека се бориме со Русија, ни треба повеќе оружје

Споредбено со авганистанската војска, која доби опрема, оружје и муниција во вредност од 80 милијарди долари, последниот пакет од САД вреди 800 милиони долари. Светот треба да сфати дека ние се бориме со Русија, најголемата војска во континентална Европа, со земја со буџет за оружје многукратно поголем од оној на Украина, па, затоа, потребно е повеќе оружје, побара од Западот, украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко, јави Би-Би-Си.
Украинската пратеничка Лесиа Василенко повика на итен состанок со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Полска, Италија, Романија, Канада, САД, додека руските сили започнаа голема нова офанзива во источна Украина, јави Скај њуз.
Василенко на разговорите ги повика и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
На социјалните мрежи, Василенко напиша „Украина има потреба од оружје и потребна е интервенција од сојузничка војска“.
Според неа, претставници на Обединетите Нации сметале дека нема да има прекини на огнот во Украина во наредните денови.
Руските сили се репозиционираа на исток, откако беа спречени во нивниот обид да го заземат главниот град на Украина, Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПЧЕЛАРИТЕ ДА ГИ ЗАШТИТАТ ПЧЕЛИТЕ: Вo петок…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во…
Сериски политички самоубица: Mицкоски на парламентарни во…
Ајде да разговараме со факти... 1. И…
Видео: ЗОШТО ВИ ПРЕЧИ ПРИСУСТВОТО НА БУЈАР…
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати…
Во Србија изработен просторен план за гасна…
Во Србија е изработен и ставен на…
Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински…
Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис…