Објавено на:

Украински пратеник: Светот треба да сфати дека се бориме со Русија, ни треба повеќе оружје

t

Споредбено со авганистанската војска, која доби опрема, оружје и муниција во вредност од 80 милијарди долари, последниот пакет од САД вреди 800 милиони долари. Светот треба да сфати дека ние се бориме со Русија, најголемата војска во континентална Европа, со земја со буџет за оружје многукратно поголем од оној на Украина, па, затоа, потребно е повеќе оружје, побара од Западот, украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко, јави Би-Би-Си.

Украинската пратеничка Лесиа Василенко повика на итен состанок со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Полска, Италија, Романија, Канада, САД, додека руските сили започнаа голема нова офанзива во источна Украина, јави Скај њуз.


Василенко на разговорите ги повика и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На социјалните мрежи, Василенко напиша „Украина има потреба од оружје и потребна е интервенција од сојузничка војска“.

Според неа, претставници на Обединетите Нации сметале дека нема да има прекини на огнот во Украина во наредните денови.

Руските сили се репозиционираа на исток, откако беа спречени во нивниот обид да го заземат главниот град на Украина, Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако не ги „расчистат“ работите во коалицијата,…

Дали ќе излезе или не од владејачката…

Чист Македонски Јазик? Чиста Лага!

Во изминативе денови, македонските политичари како Пендаровски,…

Скопјанец починал додека пешачел

На 02.07.2022 околу 06.30 часот во СВР…

Шојгу го информирал Путин дека Луганск е…

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го…