Објавено на:

Украински функционер: Русите планираат воена парада во Мариупол за Денот на победата

t

Русија планира да одржи воена парада во Мариупол за Денот на победата на 9. мај, објави на „Телеграм“ советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.

Андриушченко објави дека на Константин Ивашченко, кој Русите го назначиле да управува со деловите на Мариупол под нивна контрола, му било наредено да исчисти дел од центарот на градот од урнатините и мртвите тела за да може таму да се одржи воена парада на 9. мај.


Русија секој 9. мај ја слави победата над нацизмот во Втората светска војна.

„Судејќи според низа информации и податоци, окупаторите планираат да одржат ‘победнички карневал’ во Мариупол во случај нивната ‘специјална воена операција’ да биде успешна“, рече Андриушченко.

„Добрата вест е што во градот нема возила или луѓе кои можат да ја завршат работата“, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се јавија осуммината што гласаа за промена…

Поранешната независна група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ…

Британија со највисока инфлација во последните 40…

Стапката на инфлација во Велика Британија, во…

Мајмунските сипаници стасаа и во ОАЕ: Заразена…

Во Обединетите Арапски Емирати е регистриран првиот случај на…

ММФ: Глобалната економија е соочена со тест…

Глобалната економија поради низата последователни кризи се…

Уапсен заменик-шеф на ОБСЕ во Луганск: Пренесувал…

Вработен во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ…