Објавено на:

Украинците бесни: Унгарија објави карта од Украина без Крим

t

Украинското Министерство за надворешни работи ја укори унгарската влада поради видео снимка објавен на 30 мај на која се гледа Украина без Крим, објави „Киев Индипендент”. Во видеото се повикува на прекин на војната во украина додека се прикажува експлозија над картата на Украина на која недостасува Крим.

Инаку, Унгарија не ја призна руската анексија на Крим во 2014 година.

„Индентификувањето на Кримскиот полуостров како територија која што не е дел од Украина е спротивно на ставот на Будимпешта за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници”, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Министерството ја повика Будимпешта да престане да ги потврдува руските ставови и да се придржува на меѓународните обврски на Унгарија како членка на ОН, НАТО и ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сега почнува хаосот? Путин регрутира уште 130.000…

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и…

Руски блогер доби осум и пол години…

Рускиот суд го осуди блогерот Александар Ноздринов…

САД ја користи војната во Украина за…

Два тренинг центри во САД прават експериментална…

Швајцарија ќе донира 100 милиони швајцарски франци…

Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат…