Објавено на:

Украинците најавуваат повлекување од Северодоњецк, Русите напредуваат и кон Лисичанск

t

Украинските сили ќе мора да се повлечат од Северодоњецк, кој во најголем дел е под контрола на руската војска, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

Во овој источноукраински град се одвиваат некои од најжестоките борби од почетокот на руската инвазија на 24 февруари и тој претставува едно од последните упоришта на украинските сили во регионот Луганск. Во изминатите недели, Русија интензивно го бомбардира градот, во кој се водат улични борби.

„За жал, ќе мора да ја повлечеме нашата војска од Северодоњецк. Останувањето на позиции кои се целосно уништени нема никаква смисла. Бројот на мртвите расте“, изјави Гајдај.

Тој не прецизираше дали трупите ќе се повлечат веднаш или за некое време.

„90% од домовите во Северодоњецк се оштетени или уништени“, додаде Гајдај.

Соседниот Лисичанск останува последниот град во Луганск кој е под целосна контрола на Украинците, но Русите напредуваат и кон него. Тие вчера зазеле една населба јужно од Лисичанск, па постои закана украинските сили да останат изолирани.

„Целиот град сега е во дострелот на руската артилерија, па за да се избегне опколување, нашите сили би можеле да се повлечат на нови позиции“, кажа едно официјално лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бајден не може да си ја…

Американскиот претседател Џо Бајден се обиде да…

За седум дена ќе биде познат судбината…

Еврејската заедница на Македонија ја започна процедурата…

Захарова со страшно предупредување: Украинците се подготвени…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Србија има најскапи бензин и дизел во…

Граѓаните на Србија во моментов точат најскапо…