Украинците разнеле оклопен воз полн со руски војници?
Украинските борци разнеле оклопен воз со руски војници во окупираниот јужен град Мелитопол, соопшти денеска Украинската територијална одбрана (УТО).
Британските медиуми не можат независно да ја потврдат оваа информација, а руското Министерство за одбрана се уште не одговора на барањата за коментар.
Градот Мелитопол, што се наоѓа во областа Запорожје, е сместен во јужна Украина, што е окупирана од руските сили.
Украинската територијална одбрана, резервата на вооружените сили, соопшти дека експлозивната направа била активирана директно под вагонот во кој биле војниците.
Во нивното соопштение објавено на Фејсбук не е прецизирано колку жртви има и колкава е штетата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…