Унгарија со поддршка за Србија: Ќе гласаме против членство на Косово во телата на ЕУ

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во телата на Европска Унија додека не се постигне сеопфатен договор.
Нашиот став е дека тоа ќе го загрози постигнувањето компромис, ако одредени европски формации го примат Косово пред да се постигне договор. И поради таа причина, Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела – истакна Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Будимпешта.
Сијарто нагласи дека, кога станува збор за Косово, Унгарија е заинтересирана за постигнување решение засновано на „вистински и реален дијалог“.
И затоа го прифативме раководството на силите на КФОР, бидејќи мислевме дека можеби на тој начин можеме да придонесеме за обезбедување на мирот. Сакаме да се постигне компромис што е можно поскоро – наведе Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…
Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…
Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…