Објавено на:

Унгарија ѝ обезбеди гориво на Австрија

t

По механичкиот инцидент во рафинеријата Schwechat OMV во близина на Виена, кој ја оштети главната фабрика за дестилација на сурова нафта, Унгарија ги стави на располагање своите резерви на гориво за да обезбеди снабдување за соседна Австрија.

Поради инцидентот, ОМВ мораше да го одложи рестартирањето на рафинеријата Швехат, која беше во поправка од 19 април, што укажуваше на проблеми со снабдувањето.

Прво, австриската влада ги ослободи своите стратешки резерви на гориво за да обезбеди снабдување во Австрија.

ОМВ потоа го засили производството во своите други рафинерии, како Бургаузен во јужна Германија и Петробрази во Романија, кои привремено ќе доставуваат поголеми количини гориво на австрискиот пазар.

Засега е неизвесно колку ќе траат поправките во Швехат.

Поради можни проблеми со снабдувањето со керозин, аеродромот во Виена апелираше до сите авиокомпании кои слетуваат во Виена да не точат керозин, туку тоа да го прават на други дестинации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски се сретна со новоименуваниот унгарски амбасадор

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

И Унгарија оди на референдум: Орбан ќе…

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан реши преку референдум…

Претседателот на унгарското собрание: ЕУ е неспособна

Претседателот на Националното собрание на Унгарија, Ласло…

Унгарската претседателка: Ќе ги поддржиме Србија и…

Унгарската претседателка, Каталин Новак изјави во Белград…

Има гас ама и Орбан ќе штеди:…

Унгарската влада нареди намалување на употребата на…