Унгарската Влада го продолжи ограничувањето за цените на горивата и хранатa

– Унгарската Влада го продолжи ограничувањето за цените на храната и горивата до 1 октомври, додека ограничувањето на каматните стапки на хипотеките на мало ќе остане во сила до крајот на годината, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан.
Инфлацијата во Централна и Источна Европа дополнително се зголеми по руската инвазија на Украина, влошувајќи ги постојните зголемувања на цените по пандемијата на коронавирус, што ги натера централните банки ширум регионот да ги зголемат каматните стапки.
Ограничувањата на цените се главната алатка на унгарската влада во заштитата на домаќинствата од повисоките животни трошоци, но дури и со тие мерки, инфлацијата стана двоцифрена минатиот месец.
Кратката објава на страницата на Орбан на Фејсбук не даде дополнителни детали, што веројатно значи дека ќе продолжи во сегашната форма.
Во средината на ноември, владата на Орбан постави ограничување од 480 форинти (околу 1,20 евра) за литар гориво, а во февруари ги ограничи и цените на некои прехранбени производи. Неодамна, поевтините цени на горивата беа ограничени само на автомобили со унгарски регистарски таблички, што предизвика конфликт со Европската унија. Унгарската енергетска компанија МОЛ побара постепено укинување на мерката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српски Курир: Се подготвува воен сојуз меѓу…
Српски Курир ексклузивно дознава дека наскоро се…
Политико: ЕУ размислува да ја лиши Унгарија…
Виктор Орбан е единствениот лидер кој се…
Костадинов: Патување во еден правец до Унгарија…
Патување во еден правец до Унгарија на…
Политико: Унгарија ги блокира безбедносните гаранци на…
Унгарија го блокираше нацрт документот за безбедносни…
Сијарто: И Уангарија го преиспитува своето учество…
Унгарија исто така го разгледува своето идно…