Управниот Одбор на М-НАВ попушти под притисок на јавноста – До крајот на денот ќе се одобри стартот на обуката за контролори за летање

t

Oсумте кандидати за контролори на летање ќе започнат школување во Данска. Сител од свои извори дознава дека во текот на денов управниот одбор ќе им ги потпише потребните документи, но претходно ќе се направи уште едно интервју со сите. Постапката би требало да биде комплетирана денеска, а со надлежните во Данска веќе се разговара на кој датум треба да заминат кандидатите.

Ова следи по притисокот од јавноста, откако се појави информација дека тројцата членови на управниот одбор сакаат да го поништат огласот за контролори на летање бидејќи меѓу избраниците не се нивни блиски и членови на ДУИ.

Вчера 12 вработени во М-НАВ, заменици на директорите, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори поднесоа оставки, но рекоа дека ќе ги повлечат само во случај ако директорите ги испратат осумтемина избрани на неопходната обука. Дали денеска ќе се вратат на позициите, засега не се знае. Сител контактираше дел од нив, но не сакаа да коментираат.

Рокот за огласот истекува за 9 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По десет години затвор во Шпанија, водачот…

Вечерва после 20:00 часот на белградскиот аеродром…

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана…

Бремена жена на возраст од околу 35…

Христијаните веќе не се мнозинство во Англија…

Англија и Велс повеќе не се мнозински…

Ковачевски: Штајнмајер го цитираше Конески – Има…

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите…

(Видео) Освојување на Вселената: Кинеските астронаути пристигнаа…

Новиот тим астронаути стигнаа до кинеската вселенска…