Урнебесно: Го фатиле како зема мито – Отпуштен познатиот полицаец макета на МВР

Сатиричниот портал “Кооперација” објави урнебесен текст за познатиот полицаец макета кој беше поставен со цел “да ги плаши” возачите на патот Гостивар-Тетово.
Според информации на Кооперација, полицаецот е отпуштен од работа поради примање мито.
Целиот текст во продолжение:
“Штета! Баш мислевме дека овој полицаец ќе биде неподмитлив, но сепак човековата алчност е иста како и сосед на нашата земја – не знае за граници.
После неколку недели откако ја доби работата на надвозникот за тетовско Камењане, Полицаецот-макета беше отпуштен од својата работа откако произлезе снимка дека тој примал мито!
“Мислевме дека е различен од другите. Мислевме дека има чест, етика и морал. Сепак, немал. Најдовме снимка. Примил мито за да не казни некој што возел пребрзо. Го примил митото и го пуштил мито-давачот да помине без никаква казна.” – изјави вработен во МВР и продлжи – “Се соочивме со него лице в лице. Му кажавме да признае дека примил мито. Му спомнавме и дека имаме докази. Тој не одговори ништо. Очигледно му беше срам. Тоа е. Моравме да го отпуштиме.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членката на ЕУ што ни соли памет:…
Полицаец е приведен во Софија поради поткуп,…
Машала, се исплатело да си на граница:…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…
Кривични пријави за полицајци: Примале мито за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Страшно: 18 годишен гостиварец се обидел да…
На 22.10.2022 во 01.50 часот во Гостивар,…
21-годишна девојка физички нападнала полицаец во Скопје
На 01.10.2022 околу 24 часот пред угостителски објект на…