Урнебесно: ДОБРИОТ ГЛАС ДАЛЕКУ СЕ СЛУША – Нинџа ќе сведочи на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд

t

Професионалниот сведок Александар Василевски – Нинџа, е најновото име што одбраната на Амбер Хард го додаде на списокот со сведоци кои треба да ја потврдат нејзината страна од приказната и да ѝ објаснат на портатата што сѐ се случувало во бракот со Џони Деп, пишува сатиричниот портал Кооперација.

– Од медиумите дознавме дека се работи за вонсериски талент, кој нема проблем да го посведочи она што се бара од него, па поради тоа веднаш стапивме во контакт бидејќи сметавме дека неговата експертиза ќе ни биде од помош. Имајќи предвид дека се работи за еден вид суперѕвезда меѓу сведоците, Нинџа веќе имаше закажано свои настапи на неколку други судења, но за наша среќа тие беа откажани откако авансно му ја исплативме бараната тарифа. Сега останува уште да му кажеме што видел. – рекоа од одбраната на госпоѓицата Херд.

Екипата на Кооперација се обиде да го контактира нашиот најпознат и најпризнат сведок, меѓутоа во моментот кога му ѕвоневме тој сведочеше на сосема неповрзано судење надвор од земјава, па се договоривме да не’ побара откако ќе заврши со исказот, за што ќе бидете благовремено известени.

Извор: Кооперација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ