Објавено на:

Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во спроведувањето на реципрочните царини

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за пауза во примената на реципрочните царини.

„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, рече фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Таа додаде дека тарифите се даноци кои само им штетат на бизнисите и на потрошувачите.

„Затоа јас постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската унија и САД“, нагласи таа.

Вчера Трамп најави целосна пауза на сите одмазднички тарифи кои претходно стапија на сила на полноќ, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари

Трамп го најави T1 – новиот американски…

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…