Усвоен предлог законот за спрeчување перење пари и финансирање на тeроризам

t

Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е усвоен на денешната владина седница. Според образложението на Министерството за финансии, причините за донесување на законот се произлезени од потребата за негово усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно со одредбите од Директивата 2018/843.

– Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF), во новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година, информира владината прес-служба.

На денешната владина седница усвоен е и Извештајот за извршените преговори за усогласување на Договорот со Европската Унија за учество на земјава во програмата „Фискалис“ за периодот 2021-2027 година.

– Со учеството во „Фискалис“ програмата на ЕУ, Владата на Македонија се стекнува со поддршка на даночните власти и оданочувањето со цел да се подобри функционирањето на внатрешниот пазар, да се поттикне конкурентноста на Унијата и правичната конкуренција во Унијата, да се заштитат финансиските и економските интереси на Унијата и нејзините земји-членки, вклучително и заштита на тие интереси од даночна измама, даночно затајување и избегнување данок, како и подобрување на наплатата на даноците, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: САД замижуваат пред украинскиот теpоpизам

Вашингтон е де факто одговорен за нападите…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

САД: Немаме повеќе пари за финансирање на…

Американската влада нема повеќе пари за финансирање…

Русија предупредува за ризик од тероризам поради…

Русија денеска повика за прекин на борбите…

Денис Шмигал соопшти дека Украина ја доби…

„Украина ја доби деветтата транша од макрофинансиската…