Утре и задутре посебен режим на сообраќај околу гробиштата во Бутел

– Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје утре и задутре поради претстојниот верскиот празник Задушница ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Утре со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта – десно по ул. „Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. „Бутелска“, па лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали режимот почна уште пред да се…
Типот на работење на Талат Џафери вие…
Пренасочување на сообраќајот кај Кривогаштани и Мало…
ЦУК: планирано е пренасочување на сообраќајот кај…
СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…
Груевски: Што им изгради, реновира и набави…
ШТО ИМ ИЗГРАДИ, РЕНОВИРА И НАБАВИ “РЕЖИМОТ”,…
Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…