Учениците од утре се враќаат на училиште: Штрајкот во образованието ставен во мирување

t

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става штрајкот во мирување, а учениците од утре почнуваат со настава. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на работните спорови.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, штрајкот ќе биде ставен во мирување додека трае решавањето на спорот.


– Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување се додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, рече Неделков.

Изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори за основно и средно образование и за детска заштита ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.

Максималниот рок на мирното решавање на споровите, како што посочи Неделков, е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена.

– Доколку за 10 дена една од страните не е задоволна, се бара формирање на дополнително тело на помирување, така што максимум за 20 дена треба да заврши постапката, појасни Неделков.

За денеска не се закажани преговори со ресорното Министерство, а како што изјави Неделков, и да добијат покана, денеска не се во можност да одат на преговори.

Смета дека во овој период на помирување би било добро да не се одржи и најавениот протест на 4 мај за да не се врши дополнителен притисок врз преговарачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европски аналитичари: Бугарија се изживува со Македонија…

Битолчанецот Божидар Бижиновски накратко на неговиот Фејсбук…

Вархеји ни открива: Сите пречки во ЕУ…

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека…

Халил Снопче го подбра Османи: Неколку пати…

Пратеникот на Алијанса за Албанците (АА), Халил…

Kaлининград сепак ќе биде одблокиран?!

Властите на ЕУ подготвуваат документ кој всушност…

Одлична вест: Ќе се спасат и тие…

Подигнат е прагот во блоковите за искористена…