Учениците ќе имаат и дигитални и печатени учебници следната учебна година

t

Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање, потврди дека учениците кои почнаа од лани со новата дигитална концепција, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени улебници.

Вие знаете дека со концептот што почна лани во прво и четврто одделение треба да продолжи. Материјалите кои биле потребни се направени во соработка со Бирото за развој на образованието. Од материјалите за четврто и петто, минатата година имавме само за четврто. Министерството започнало со објава на конкурс за автори да се пријават со изработка на материјали – рече Шаќири.


Додаде дека, Министерството ќе обезбеди за оваа година, за учениците во четврто и петто одделение ќе има и дигитални и печатени материјали.

Кога ќе бидат готови ќе бидете известени, а ќе се одреди и начинот на кој овие материјали ќе бидат достапни, додаде Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апсурд на македонското образование: Едвај положиле приемен…

Во гимназијата „Орце Николов“ оваа учебна година…

Завршува електронското пријавување за упис во средно,…

Електронското аплицирање за упис во средно образование…

“Некој треба да си ја чукне главата”:…

Дипломираните студенти, во кои инвестира државата ни…

Речиси 19.000 лица се неписмени, повеќе од…

Државниот завод за статистика, во согласност со…

Со кампањата „Учи паметно, работи стручно“ се…

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи…