Учете се да штедите: Зејтинот достигна рекордна цена од 163 денари за литар!

t

Откако Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи, цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди. Заклучно со вчера, маржите во малопродажба беа ограничени на 5 отсто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи.

 Одлуката почна да се применува од 1 март 2022 година, а траеше до вчера, 31 мај. Целта беше, како што објасни тогаш министерот за економија Крешник Бектеши, да се ограничи растот на цените во следните три месеци. Маслото за јадење кое вчера беше 135 денари денеска достигна цена од 163 денари. Килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот, кој на полиците во маркетите се продава за 43 денари.  Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари.

Од полноќ поскапени се и горивата. Новите рекордни цени на бензините веќе се изразуваат во 3 цифри, односно малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 9,50 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 денари
ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 денари
ЕУРОДИЗЕЛ БС – 95,00 денари

Од Министерството за економија посочија дека нема простор за продолжување на оваа мерка, со оглед на фактот дека на тој начин би можело негативно да се влијае врз работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност. Од Народната банка смируваат и велат дека овој ценовен шок нема да биде драстичен.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николовски уверува: Брашно, зејтин и млеко ќе…

Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат…

Цената на нафтата падна под 100 долари…

Цените на нафтата благо пораснаа во средата…

Падна цената на нафтата на светските берзи:…

Цените на нафтата паднаа на 99 долари…

Порасна цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата денеска се искачија на…

Повторно раст на цената на нафтата на…

Цените на нафтата на берзите денеска се…