Уште еден земјотрес, битолчани повторно излегоа на улица

t

Во 16:30 регистриран е уште еден потрес со јачина од 3 степени според Рихтер.

Во 16:14 часот беше регистриран посилен земјотрес во реонот на Лерин, во соседна Грција.


Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар јачината била меѓу 4,3 и 4,5 степени според Рихтеровата сакала, а бил на длабочина од 2 км.

Двата земјотреса инаку се почувствувани и во Битола. Повторно грѓаните на Битола излегоа на улиците. Тие веќе два дена се во страв поради честите целни потреси. Првата серија земјотреси во неделата ноќта во Битола предизвикаа оштетувања и во објекти од училишта, градинки и други институции. Оштетувања има и во индивидуални куќи, како и во згради.

Општина Битола формираше Комисија за проценка на штети составена од експерти која ќе излезе на терен и ќе направи увид врз оштетувањата кои ќе бидат исплатени со средства најверојатно од ребаланс на буџетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започнува зрачењето: Три компании во трка за…

– По завршувањето на јавната расправа до…

Бугарскиот амбасадор во САД: Има обид да…

„Има обид да се протурка резолуција со…

Лозарите оставени на цедило: Нема договор за…

По соопштението на ВВ „ Тиквеш “„за…

Работник во Македонија почина од струен удар

МВР објави дека работник во фабрика во…

Во ЕУ на “куково лето”: Петков предложил…

Бугарски „Капитал“ јавува дека на вчерашната владина…