Уште еден радовишанец уапсен за подметнување пожари

Во полициската станица Радовиш денеска е приведен Ф.Б.(70) кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано „Раклишки чаири“.
Пожарот беше предизвикан во вторникот при што беше опожарена сува трева и дрва.
Како што соопшти МВР, лицето го признало делото и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вторникот уапсен беше и С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч, кој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп остана без имунитет во случајот за…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема имунитет…
Kулеба изненадува: Односите меѓу Украина и Србија…
Перспективата на односите меѓу Украина и Србија…
Изгубени сме биле во преводот – Битиќи…
Погрешно е протолкувана изјавата на поранешниот генералниот…
Македонски предлог: ЕУ бара Охридскиот договор да…
Европската унија (ЕУ) формално ќе побара од…
Moнструми! Деца силувале дете во Скопје, таткото…
Maж од Скопје пријавил во полицијата дека…