Уште еден руски функционер загина во несреќа

t

Поранешниот ректор на Московскиот воздухопловен институт (МАИ) Анатолиј Герашченко загина во несреќа, објави руската новинска агенција ТАСС.

„На 21 септември 2022 година како последица на несреќа почина Анатолиј Николаевич Герашченко, доктор по технички науки, професор, советник на ректорот на Московскиот воздухопловен институт. Во моментов, во тек е формирање на комисија за истрага на несреќата, во која што ќе членуваат претставници на Министерството за образование и наука на Русија, Државната трудова инспекција на Москва и Московскиот авијациски институт“, објави ТАСС.

Претходно во медиумите се појавила информација дека 72-годишниот Герашченко загинал внатре во универзитетот откако паднал од голема височина.

Герашченко беше ректор на Московскиот воздухопловен институт од 2007 до 2015 година, се наведува на веб-страницата на универзитетот. Се нагласува дека бил научник од областа на автоматизираните погони, автор на повеќе од 100 научни трудови и написи од областа на погонските системи.

Рускиот медиум Москва пост пишува дека потврдиле дека Герашченко се симнувал по скали, се лизнал и паднал од височина од неколку ката, а од повредите починал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата се задржаа над 79…

Цените на нафтата се задржаа над 79…

Поранешен косовски МНР: Вјоса Османи да престане…

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово,…

Јапонците трупаат залихи по најавите за „мегаземјотрес“

Јапонските власти побараа од граѓаните да не…

Спасовски откри детали: „Тигрите“ биле на скопскиот…

Според поранешниот министер за внатрешни работи Оливер…

Ивановски: Имав мала повреда на стапалото и…

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на маратонот на Олимписките…