Уште една група бeгaлци од Авганистан доби привремен престој во Македонија

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Националендемократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства.
Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.
Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.
Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…
Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…
Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…
Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…
Одлуката за Македонија ќе се носи во…
Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…
Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…
Русија не само што ја мрази соседната…
Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…
„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…