Уште ова ни требаше: Мистериозниот сој на Хепатитис пристигна во соседството

t

Хепатитот „Х“ што означува непознато, а предизвикува екстремно брзо разградување на црниот дроб кај децата, го вклучи алармот и во детската клиника во Скопје каде детално се испитува секој мал пациент кој ќе пројави жолтеникава боја на кожата, вели Директорката на државната детска клиника, Д-р Аспазија Софијанова. Засега во Македонија нема регистрирано случај на новиот мистериозен хепатит за кој постојат индиции дека го има во Србија.

-Го имаме името, нели, хепатит што значи афекција на црниот дроб, ама презимето го немаме. Односно, го немаме типот на тој одреден вирус за кој треба да се види дали станува збор за мутиран вирус од некои од типовите на хепатитис што предизвикуваат инфекција на црниот дроб, или пак, во прашање е нешто трето. Интересно е што ги зафаќа децата од 2 до 12 години, кои пак коронавирусот не ги атакираше. Мораме да бидеме внимателни, затоа и ние го имаме вклучено алармот, за среќа во државата се уште го немаме детектирано.- Д-р Аспазија Софијанова – Директорка на Клиника за детски болести.

Родителите, вели Д-р Софиканова, треба да обратат внимание на симптоми како што се жолтеникави очи и кожа, чудна вознемиреност, одбивање на храна и гадење. Во тешки случаи и силно воспаление можно да е неоходна и тренсплантација.

-Одбива да јаде, се јавува една чудна вознемиреност, една нерасположливост, понекогаш и повраќање како трет симптом. Таканареченото екстремно брзо ширење на вирусот кај децата го предизвикува тоа распаѓање на црниот дроб, заради кое, единствен лек е трансплантацијата. Тоа веќе се случува во Велика Британија, од таму се и првите студии. Имаме контакти со колегите кои ги споделуваат вакците информации, така и дознавме за ова, за среќа немаме случај…. Хепатитот, или афекцијата, односно ифекцијата на црниот дроб е предизвикана од повеќе вируси, кои што некогаш се манифестираат со блага жолта пребоеност и треска, но некогаш е продлабочена со сериозни проблеми.- Д-р Аспазија Софијанова – Директорка на Клиника за детски болести.

Потврда дека има простор за загриженост пристигна и од Европскиот центар за превенција на болести според кој потврдени се без малку 200 заразени деца во светот. Засега непозната е причината за болест, односно се уште не се знае и како се пренесува, а има потенцијални сериозни ефекти. Инаку првите случаи се појавија пред околу еден месец во Велика Британија, а потоа и во други европски земји, а и во САД, Израел и Јапонија.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За седум дена ќе биде познат судбината…

Еврејската заедница на Македонија ја започна процедурата…

Захарова со страшно предупредување: Украинците се подготвени…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Србија има најскапи бензин и дизел во…

Граѓаните на Србија во моментов точат најскапо…

Кинеските воени вежби се подготовка за инвазија…

Министерот за надворешни работи на Тајван денеска…