Уште тоа фалеше: Високо заразен птичји грип откриен на фарма во Холандија

Холандските власти открија присуство на многу заразен сој на птичјиот грип на една живинарска фарма во северниот дел на земјата.
Како резултат на заразата, околу 170.000 кокошки ќе бидат уништени за да се спречи натамошното ширење на инфекцијата.
„Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестирањата за вирусот Х5Н1 и додека не се утврди дали инфекцијата се проширила“, се додава во соопштението на холандското Министерство за земјоделие.
Од избувнувањето на оваа заразна болест во 2021 година во Холандија се убиени стотици илјади кокошки, патки, мисирки и десетици диви птици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холандија продолжува да купува руски гас
Холандија купила над 200 милиони кубни метри…
Дејли Мејл: Борис Џонсон размислувал за воен…
Екс-премиерот беше кажано дека е „збеснат“ откако…
МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…
Министерството за здравство информира дека над 50…
Десничарската партија на Герт Вилдерс победи на…
Партијата за слобода на Герт Вилдерс повеќе…
Нетанјаху со Руте: Ние сме во битка…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху се сретна…