УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети

t

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста, дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник.

– Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%, информираат од УЈП.

Од таму посочуваат дека инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето.

– Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија, се додава во соопштението на УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија ќе усмрти над 100.000 кокошки поради…

Холандија ќе усмрти околу 102.000 кокошки на…

На Зеленски му е драго што Бајден…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговара со…

Ќе се тресе цела Европа! Кина предупредува…

Кина предупреди дека САД би можеле да…

ХОРОР во Србија: Татко си ја убил…

Убиството во Вршац, каде што таткото Марко…

(Фото) Експресно саниран споменикот на Гоце Делчев…

Екипите на ЈП "Комунална хигиена" вечерва експресно…