УЈП затвори голем број КАМ маркети ширум Македонија

t

Утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи, пренесува Телма.

Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.

„Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност“, информираше во Топ Тема, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Таа кажа дека акцијата ја спроведуваат инспектори и контролори и други овластени лица.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна…

НАТО упати критики кон Северна Кореја поради…

Апасиев: Шупаци корумпирани! Наместо да му ги…

Денешниот постигнат договор значи дека ЕСМ има…

Вејсели: ДУИ ќе се распадне на три-четири…

Поранешниот пратеник и поранешен лидер на ПДП,…

Путин планира нуклеарен тест во близина на…

Се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин…

“Голема акција” на МВР: Пронајдени три запрежни…

На 03.10.2022 полициски службеници од Одделението за…