УЈП со опомени до работодавачите: Над 20.000 работници не земале плата за јануари

t

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска информира дека над 20.000 граѓани не добиле плата за месец јануари.

– Во јануари 2022 година, 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но истата не е исплатена за 12827 вработени. Доставени се опомени и веќе оди блокирање на сметките и присилна наплата. 5029 работодавачи воопшто не поднеле месечни пресметки за наплата, а се однесуваат за 7811 вработени. И до нив се доставени опомени – додаде Лукаревска во емисијата „Топ тема“.

Во однос на прашањето дали има нови фирми кои ја злоупотребиле државната помош и субвенции, Лукаревска информира дека засега не се регистрирани такви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во август буџетот се полнел подобро од…

Во август остварен е вкупен даночен приход…

Апасиев: Немојте случајно да пуштите инспектори од…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук…

Во германските хотели и ресторани моментално недостигаат…

Во германските ресторани и хотели моментално недостигаат…

Маж лажно се претставувал како обвинител и…

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…

Лукаревска: Работниците од УЈП и Царина имаат…

Во УЈП има три синдикати, но репрезентативен…