УЈП со опомени до работодавачите: Над 20.000 работници не земале плата за јануари

t

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска информира дека над 20.000 граѓани не добиле плата за месец јануари.

– Во јануари 2022 година, 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но истата не е исплатена за 12827 вработени. Доставени се опомени и веќе оди блокирање на сметките и присилна наплата. 5029 работодавачи воопшто не поднеле месечни пресметки за наплата, а се однесуваат за 7811 вработени. И до нив се доставени опомени – додаде Лукаревска во емисијата „Топ тема“.

Во однос на прашањето дали има нови фирми кои ја злоупотребиле државната помош и субвенции, Лукаревска информира дека засега не се регистрирани такви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема рација: МВР, ДПИ и УЈП ги…

Во контроли извршени вчера во златарници Скопје,…

Голема акција: УЈП и ДПИ влегоа во…

Државниот пазарен инспекторат во голема акција со…

Деаноски: Поради инфлацијата покачување на платите под…

Претседател на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски…

СДСМ се испофали: Ги зголемивме платите на…

СДСМ во изминатите пет години покажа вистинска…

ССМ: Работодавачите имаат голем профит, веднаш да…

Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата…