УЈП со опомени до работодавачите: Над 20.000 работници не земале плата за јануари

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска информира дека над 20.000 граѓани не добиле плата за месец јануари.
– Во јануари 2022 година, 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но истата не е исплатена за 12827 вработени. Доставени се опомени и веќе оди блокирање на сметките и присилна наплата. 5029 работодавачи воопшто не поднеле месечни пресметки за наплата, а се однесуваат за 7811 вработени. И до нив се доставени опомени – додаде Лукаревска во емисијата „Топ тема“.
Во однос на прашањето дали има нови фирми кои ја злоупотребиле државната помош и субвенции, Лукаревска информира дека засега не се регистрирани такви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканците пакуваат куфери: Германија очајно бара работници
Без разлика дали се работи за индустрија,…
ССМ: За минимум нормален живот на едно…
Владата да донесе одлука за зголемување на…
Статистиката ја побива Владата: Реалната плата е…
Просечната нето-плата во мај достигна 31.407 денари,…
Траги-комедија: Непознато лице се претставувало како вработен…
Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало…
УЈП ја објави најновата листа на должници:…
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници…